понеделник, 21 октомври 2024

Вулкан повторно еруптираше на Исланд (ВИДЕО)

Вулкан во југозападен Исланд денеска еруптираше, исфрлајќи вжештена лава и чад, по шести пат од декември, соопшти денеска Исландската метеоролошка служба.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Вкупната должина на пукнатината била околу 3,9 километри и се проширила за 1,5 километри за околу 40 минути, се вели во соопштението на метеоролошката канцеларија на Исланд, која ги следи вулканите.

„Влијанието е ограничено на локализирана област во близина на местото на ерупцијата. Не претставува закана за животот и областа во близина е евакуирана“, соопшти Министерството за надворешни работи на Исланд на социјалната мрежа Икс.

Лавата не тече кон блискиот рибарски град Гриндавик, чии речиси 4.000 жители главно се евакуирани од ноември, соопшти метеоролошката канцеларијата на Исланд.

Ерупцијата се случи во серијата кратери Сундхнукар источно од планината Силингафел, делумно преклопувајќи ги другите неодамнешни ерупции на полуостровот Рејкјанес, во вулкански систем кој нема централен кратер, но еруптира со отворање огромни пукнатини во земјата.

Истражувањата покажаа дека магмата се собира под земја, што предизвикува предупредувања за нова вулканска активност во областа јужно од главниот град на Исланд, Рејкјавик.

Последната ерупција на полуостровот Рејкјанес, дом на околу 30.000 луѓе или речиси 8 отсто од вкупното население на земјата, заврши на 22 јуни, откако вулканот 24 дена исфрлаше фонтани од стопени камења.

Ерупциите се предизвик со кој се соочува островската држава со речиси 400.000 луѓе, бидејќи научниците предупредуваат дека полуостровот Рејкјанес може да се соочува со ерупции со децении, па дури и со векови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ