сабота, 27 јули 2024

Вулкан на Исланд повторно еруптираше: Прогласена вонредна состојба (ВИДЕО)

На полуостровот Рејкјанес, на југозапад од Исланд, денеска вулкан повторно еруптираше, што е петта ерупција на тој вулкан од декември.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Новата ерупција се случила по еруптивната активност на вулканот која траела речиси осум недели, пренесува Ројтерс.

Вулканот исфрли лава по петти пат од декември, поради што е евакуирана популарната термална бања Сина лагуна.

Ерупцијата започна во раните попладневни часови по серијата земјотреси северно од Гриндавик, крајбрежен град со 3.800 жители, кој главно беше евакуиран во декември кога еруптираше вулканот.

Исландскиот метеоролошки институт соопшти дека лавата излетала околу 50 метри нагоре од пукнатината долга околу два и пол километри и течела кон Гриндавик.

Властите предупредија на ризик од обнова на вулканска активност во областа јужно од главниот град Рејкјавик, бидејќи студиите покажуваат дека магмата се акумулирала под земја.

Научниците предупредуваат дека ерупциите може да се случуваат повторно и повторно во Рејкјанес со децении, па дури и со векови.

Ова е осма ерупција на полуостровот од 2021 година, кога повторно станаа активни геолошките системи кои беа неактивни околу 800 години.

За време на претходните ерупции, централното греење беше прекинато, клучните патишта беа затворени и неколку куќи беа срамнети со земја во рибарскиот град Гриндавик, каде што оттогаш се вратија само неколку жители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ