„Не го коментирам ни изборниот процес во Молдавија, ниту ги оспорувам резултатите или волјата на граѓаните на Молдавија, само се прашувам што би било доколку овој ноќен пресврт не се случеше во земја која со неверојатна брзина стигна пред вратата за прием во ЕУ, примерот на демократските вредности на ЕУ. Се чини дека најкраткиот пат кон ЕУ води преку спремноста за војна со Русија“, изјави Вулин.
Откако првично беше објавено дека врз основа на третина преброени гласови повеќето граѓани гласале против влегувањето во ЕУ, утринава стигнаа вести дека половина гласачи сепак се изјасниле „за“.