понеделник, 21 октомври 2024

Вулин на состанокот со Путин: Србија на Вучиќ никогаш нема да стане членка на НАТО, ниту ќе ѝ воведе санкции на Русија

Претседателот на Русија Владимир Путин кажа денес во Владивосток дека Москва очекува претседателот на Србија Александар Вучиќ да дојде на есен во рускиот град Казањ, на самитот на БРИКС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Пренесете му поздрав на претседателот Вучиќ, го чекаме на случувањата во рамки на состанокот на лидерите на групата БРИКС. Му испративме покана, се надевам дека господинот претседател ќе прифати“, кажа Путин на почетокот на состанокот со потпретседателот на српската влада Александар Вулин.

На состанокот, одржан на маргините на Источниот економски форум, Путин на Вулин му кажа дека дошло до благ пад на трговската размена меѓу Русија и Србија и укажа на потребата да се разберат причините за таа промена.

Путин укажа дека Русија игра „значајна улога“ во снабдувањето на Србија со енергенси и истакна дека испораките се вршат на време и по многу добри услови.

„Ќе разговараме за тоа, постојат конкретни нешта кои треба да бидат решени, имајќи предвид дека договорите за снабдување со гас ни истекуваат во март 2025 година“, додаде рускиот лидер.

Вулин на Путин му кажа дека состанокот со него го доживува како „голема чест и привилегија“ и додаде дека нивната средба „е големо охрабрување за Србите, каде и да живеат“.

„Кога Русија се грижи за Србија, кога ѝ е битно што прави Србија, тогаш и на нас Србите ни е полесно. Да не опстанеше Русија сите овие векови, немаше да ја има ни Србија. Ние сме народи кои не ги поврзува само заедничкото минато, туку и заедничка иднина“, кажа Вулин.

„Како што знаете, Србија не е само стратегиски партнер на Русија, Србија е сојузник на Русија. поради тоа е огромен притисокот на Западот на нас. Но Србија која ја води Александар Вучиќ е Србија која никогаш нема да стане членка на НАТО, која никогаш нема да ѝ воведе санкции на Русија и која никогаш нема да дозволи од нејзина територија да се спроведуваат какви било антируски акции“, кажа Вулин.

Вулин коцени и дека ситуацијата во регионот на Западен Балкан е „многу тешка“ кога Србија е во прашање.

„Имаме обиди на Приштина да изврши етничко чистење на Србите, но подеднакво тешко е тоа што ЕУ веќе 11 години не ја спроведува сопствената одлука и не го почитува сопствениот потпис за формирање на Заедница на српски општини. Република Српска е исто така предмет на големи грижи бидејќи постојат силни притисоци РС да се намали и Дејтонскиот договор да се измени“, наведе тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ