Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ остро ја критикуваше одлуката на македонската влада да биде еден од коспонзорите на Резолуција во ОН за прогласување на 11 јули како Меѓународен ден на комеморација и сеќавање на геноцидот во Сребреница.
„Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па затоа можеле барем да се воздржат доколку не можат да ја поддржат Србија. Македонија навистина треба да го смени јазикот, заедно со името и историјата, како што бараат Бугарите. Навистина е глупаво да користат речник во кој немаат зборови за чест, благодарност, пријателство, слобода, срам“, рече Вулин, реагирајќи на изјавата на министерот Османи.
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, го оцени како „дрскост“ ставот на Османи и го праша дали сака да поднесе Резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија.
„Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа нѐ повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите, за да бидеме почитувани?“, праша Дачиќ.