сабота, 27 јули 2024

Вујовиќ: Југославија сигурно ќе ги победеше Франција и Данска и ќе беше европски првак

Објавено на

часот

Сподели

На Европското првенство во Германија, првпат на едно големо натпреварување настапија сите поранешни републики на Југославија, Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија.

Вујовиќ смета дека тоа денеска да беше една селекција, ќе беше на европскиот трон.

„Знаете ли како ќе минеа Франција и Данска на ова ЕП ако на него играше единствена селекција на Југославија? Како боси по трња. Каква југословенска лига би било. Ме допревте за болна тема. Јас сум југоносталгичар и сите го знаат тоа. Зошто јас што сум роден во една држава, морам да го покажам пасошот кога одам во Хрватска, Босна, Македонија. Зошто ни се случи ова, само Господ знае. Се случи и да не се повтори, али јас и понатаму како дома се чувствувам и во Сараево, Скопје, Загреб, Љубљана и ги сакам сите луѓе од овој некогаш заеднички простор“, изјави Вујовиќ за Н1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ