сабота, 27 јули 2024

Вуди Ален незадоволен од тоа што денес филмовите брзо одат на стрим-платформите

Американскиот режисер Вуди Ален (88) изрази незадоволство од сегашната состојба со кинодистрибуцијата. Според него, самата „долговечност на филмовите“ во кината значително се намалува со годините.

Објавено на

часот

Сподели

„Дистрибуцијата веќе не е она што беше. Сега филмот две недели е во кино… И толку. ‘Ени Хол’ се пушташе во киносалите во Њујорк над една година… Целиот тој бизнис е променет, и тоа не на убав начин. Сета романтичност на снимањето филмови исчезна“, рече прославениот режисер во интервју за „Ермол“ (AirMail).

Инаку, ексцентричниот режисер лани на Филмскиот фестивал во Венеција го претстави својот 50-ти долгометражен филм – „Миг на среќата“ (Coup de Chance) на француски јазик. Продукцијата се соочува со тешкотии да се пренесе на американското тло, поради засегнатоста на Ален со наводите дека сексуално ја нападнал својата посвоена ќерка Дилан Фароу во 1992 година.

Откако лани медиумите објавија дека режисерот, револтиран затоа што филмовите денес многу брзо стигнуваат до ТВ-приемникот, сака да се насочи кон пишување на снимање филмови. Неговиот портпарол подоцна ги негираше тие тврдења.

„Вуди Ален никогаш не рече дека се пензионира. Тој рече дека размислува да не снима филмови, бидејќи тоа што филмовите директно или многу брзо одат на стрим-платформите, не му е многу пријатно“, гласеше официјалната изјава.

Од друга страна, пак, неговата сестра, продуцентката Лети Аронсон во неодамнешна изјава за „Њујорк тајмс“, најави дека Вуди Ален е веќе во преговори за нов филм и дека работи на сценариото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ