Њукасл важеше за сериозен фаворит против Нотингем форест, но новиот тренер Нуно Еспирито Санто внесе нова енергија кај гостите која резултираше со триумф.
Мечот почна добро за Њукасл, со гол на Исак во 23. минута поведоа со 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме Вуд даде гол за изедначување на 1-1.
По осум минути игра во вториот дел Вуд даде уште еден погодок за комплетен пресврт и водство на Нотингем форест од 2-1.
Во 60. минута Вуд комплетираше хет-трик за конечен резултат од 3-1.