недела, 2 март 2025

Вучиќ: Значителен пад на поддршката на протестите, сега мораат од цела Србија да доаѓаат во едно место да прават големи настани

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени денес дека има „значителен пад на поддршката“ на протестите кои се одржуваат низ Србија и дека „сега мора од цела Србија да доаѓаат во едно место за да прават големи настани“, како тој денес во Ниш.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна и дека „нема да дозволи владата да се бира на улица додека е жив“.

„Нормално следи радикализација, бидејќи кога гледате дека паѓа поддршката, мора да одите во екстремизација и да ги правите погрешните работи: да ги напаѓате луѓето кои поинаку мислат, да одите во кобожемско освојување на институциите и други противзаконски нешта“, кажа Вучиќ.

Како што додаде, на оние кои протестираат „им снемува трпение и ќе избрзаат со таквите акции“,

„Тоа во крајна линија има и една добра работа: и покрај тоа што тоа е многу лошо бидејќи некој сака да направи нов украински Мајдан, ако тоа го направат што побрзо, тогаш тоа и побрзо ќе сопре и ќе прекине“, кажа српскиот претседател.

Тој кажа дека сето ова што се случува во Србија со „обоената револуција, барањата за преодна, експертска влада, ова со студентите“ веќе се случувало во светот, наведувајќи дека се случи и во Бангладеш и „сега би сакале од Србија да направат Бангладеш“.

Студентите во Бангладеш кои минатото лето ја урнаа владата на премиерката Шеик Хасина во петокот формираа политичка партија – Национална граѓанска партија, со цел да ја разбијат традиционалната структура на моќта за да се тргне во пресметка со корупцијата и недостигот од демократска пракса во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ