сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: За три години ќе имаме летечки автомобили во Белград (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ двапати во последните два дена најави дека Белград во 2027 година ќе има летечки такси.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кинезите се единствените во овој момент во светот кои се способни за таа цел, а тоа е Експо 2027. И тоа ќе биде една од темите колку и да ви изгледа тоа на вас или на мене чудно. Ние ќе дадеме сè од себе да бидеме први или втори во Европа кои ќе воведат летечки такси, и тоа до 2027 година“, кажа денес Вучиќ.

Вучиќ летечките автомобили ги најави и пред два дена гостувајќи на телевизискиот канал на таблоидот Информер.

Таму изјави дека многумина му се смеат кога ги спомнува летечките автомобили и повтори дека, ако нема поголеми безбедносни проблеми во меѓувреме, Србија до 2027 година, за Експото, ќе има летечки такси.

„Ние за Експото ќе имаме летечки такси, да покажеме како тоа изгледа. Работиме со две компании, едната е француска, другата е веројатно австриска или германска. И работиме со Кинезите“, изјави Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ