Зборувајќи за геополитичката ситуација во светот, Вучиќ кажа дека има многу жаришта, а дека големите сили на тоа гледаат според принципот „добро е додека се случува на друго место “.
„Тоа е добро додека се случува на друго место, така мислат тие. Долгорочно, не гледам решение бидејќи некои работи се менуваат, а некои пружаат отпор на промените“, кажа Вучиќ за РТС.
Додаде дека постојат бројни кршења на меѓународните договори, само што некои биле многу прецизни во одредувањето и прикажувањето на оние кои сега ја прекршиле Повелбата на Обединетите нации, а не им било гајле кога истото го правеле тие.
„Но што и да правите, тој вид лицемерие и игра во меѓународната политика, кој е посилен – толчи, и тоа е тоа. Тоа е основниот принцип на меѓународната политика, така што ние треба да ги баталиме нивните приказни за меѓународно право. Ние малите мораме да се држиме до меѓународното право бидејќи тоа ни е единственото за што можеме да се фатиме, а големите, тие ќе толчат и толчат, и ќе биде сè полошо“, заклучи Вучиќ.