четврток, 26 декември 2024

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Неодговорноста, незнаењето и нестручноста не ослободуваат од вината

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа вечерва дека трагедијата во Нови Сад, сосема сигурно, никој намерно не ја предизвикал, но дека незнаењето, нестручноста и неодговорноста не ослободуваат од вината.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој на прес-конференција во Белград кажа дека во тоа „нема никаков сомнеж“, и дека одговорноста не може да се избегне.

Кажа и дека мора да постои значајна одговорност во кривично-правниот дел, бидејќи, како што кажа, „15 луѓе не загинале по своја вина туку поради тоа што некој својата работа не ја сработил доволно добро и во согласност со законот“.

Вучиќ потврди дека синоќа разговарал со премиерот на Србија Милош Вучевиќ и претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ „и со други“. Тој пренесе дека на состанокот им кажа дека ќе се преземе одговорност како никогаш досега и, до крајот на неговиот мандат, сè ќе се префрли на него.

„Сè што е потребно до крајот на мојот мандат префрлете на мене. Само Србија не смее да сопре. Застана Европа во голема мера“, кажа Вучиќ.

Состојбата во општеството по новосадската трагедија ја спореди со „атмосфера во која сите бараат парче место за да го нахранат својот гнев, од една, и одбивање да се стави потпис на која било градежна дозвола, од друга страна“.

Кажа дека во Србија „сите учествуваме во хајка“, барајќи, како што наведе, „парче месо со кое ќе го нахраниме својот гнев“.

„Се поставува прашањето како во таа атмосфера да ја извршиме својата задача. Што ќе направи Србија во следните две и пол години до следните избори, како ќе оствариме раст, ќе исплаќаме плати и пензии… апсолутно е невозможно“, истакна српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ