вторник, 22 октомври 2024

Вучиќ за Резолуцијата на Европскиот парламент: Срам на опозицијата

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави, коментирајќи ја Резолуцијата на Европскиот парламент за изборите во Србија, дека тоа ќе остане „вечен срам на опозицијата“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Резолуциите доаѓаат и проаѓаат, но срамот нивен ќе биде вечен бидејќи не се прави тоа против својата земја“, кажа Вучиќ во Њујорк.

Европскиот парламент изгласа резолуција со која се бара меѓународна истрага за наводните нерегуларности за време на изборите одржани минатиот декември во Србија, како и суспензија на европските фондови, доколку се докаже дека властите биле директно вмешани во измама на гласачите.

Пред гласањето за Резолуцијата во Стразбур беше одржан панел наречен „Србија: демократија на крстопат“ на кој учествуваа претставници на опозициската коалиција „Србија против насилството“.

Вучиќ ги обвини членовите на таа коалиција дека „како марионети на странскиот фактор се обидуваат да дојдат на власт“.

Српскиот претседател оцени и дека Резолуцијата на Европскиот парламент за ситуацијата во Србија по одржаните избори „не е ни прва, ни последна“.

Инаку, резолуциите на Европскиот парламент не се ни правно ни политички обврзувачки за државите членки и европските институции.

Според официјалните резултати, победата на декемвриските избори на сите нивоа ја однесе владејачката Српска напредна партија на Александар Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ