недела, 5 јануари 2025

Вучиќ за масакрот во Црна Гора: Јас го убив Кенеди, за сѐ сум јас крив

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во утринската програма на телевизија Пинк се осврна на престрелката во Цетиње, во која животот го загубија дванаесет лица. Тој им изрази сочувство на семејствата и ѝ понуди помош на Црна Гора, а потоа зборуваше за масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, кое се случи во 2023 година во Белград, пренесува Нова.рс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Јас го убив Кенеди. Според нив, јас сум крив за сѐ. Тоа што многу луѓе ја сакаат мојата смрт не значи дека јас му посакувам смрт некому. Тоа што тие го сакаат најлошото за моите деца и семејството, не значи дека јас им го сакам најлошото, среќен сум што успеав да ја направам слободна српската држава и не е ни чудо што сите во околината секогаш ќе зборуваат најлошо за нашата земја. Во Хрватска, каде што во државните институции загинаа девет луѓе, се занимаваат само со Србија. Во Црна Гора Бориловиќ пред две години уби десет луѓе, а сега се случи слично злосторство. Зошто секогаш им е лесно да се занимаваат со Србија? Секогаш тоа се истите медиуми што имаат директна соработка со групата Јунајтед, и сѐ е јасно ако видите кој ги поддржува протестите во Србија – Наташа Кандиќ, Дринко Грухоњиќ“, рече Вучиќ.

„Не мразат да лажат, формално ги лажеа сите, ги користат сите техники на лажење. И секогаш мора да се преувеличува, но техниките не се политика. Оние што најмногу ве напаѓаат денес најдобро живеат и добиле најмногу од државата“.

Вучиќ зборуваше и за масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“, кое се случи на 3 мај 2023 година, кога тринаесетгодишник уби девет свои пријатели и училишниот чувар. Вучиќ рече дека ден по масовното убиство во Рибникар, странските безбедносни служби побарале Србија да им го препушти момчето убиец.

„Бев присутен. Во мојот кабинет ден потоа бараа да го предадеме Коста К. Точно наредниот ден рекоа: ‘Бидејќи вие не можете да го казните момчето затоа што е малолетно, а не можете ни да го чувате, затоа што тоа дете треба да има таков и таков живот, препуштете ни го нам…’ Го одбив тоа, одбив разговор на таа тема затоа што знам каква неправда ќе биде тоа за родителите на убиените деца. Директно претставник на една странска служба директно го побара тоа од нас“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека сѐ уште му е неверојатно дека се случило такво нешто, но дека тоа се „трагедии што се случуваат и секогаш ќе се случуваат“.

„Отидов двапати во тоа училиште. Кога имаш сè во главата и знаеш сè, си го прочитал секој извештај… Просто е неверојатно како се случило тоа. Но добро, трагедии се случуваат и секогаш ќе се случуваат, но нечесните луѓе секогаш ќе бараат простор за себе во трагедиите, а чесните ќе тагуваат и ќе бараат начини како да го спречат повторувањето на таков чин во иднина.

„Сигурен сум дека го намаливме извршувањето многу злосторства со одземањето оружје. Господ знае колку жртви ќе имаше во семејни расправии и во други ситуации да не ја спроведевме таа акција. Мислам дека тоа беше неопходна и добра акција и не би било лошо да се повтори, особено по она што се случи на Цетиње“, заклучи Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ