петок, 10 јануари 2025

Вучиќ за американските санкции против нафтената индустрија на Србија: Ќе разговарам со Путин

Канцеларијата за контрола на странскиот имот на американското министерство за финансии ја додаде Нафтената индустрија на Србија (НИС) на листата на санкции насочени против компанијата Газпром и Руската Федерација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стигна и реакцијата на претседателот на Србија Александар Вучиќ кој кажа дека од Србија се бара целосно излегување на руските инвестиции од НИС.

„Станува збор за најтешки санкции и очекуваме излегување на рускиот капитал до 25 февруари“, кажа Вучиќ и истакна дека Србија ќе реагира одговорно и дека нема да брза со донесувањето одлуки.

Вучиќ додаде дека американските санкции против НИС се удар врз руските компании и компаниите поврзани со нив, меѓу кои и НИС. Српскиот претседател кажа и дека од претстојната американска администрација ќе бара уште еднаш да ја разгледа оваа одлука.

„Ќе видиме дали можеме да добиеме некои олеснувања околу одлуката која веќе ја донесоа“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека Србија не е непријателска земја на Русија и дека не сака никакво непријателско преземање на туѓ имот поради што ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин.

„Граѓани на Србија, не треба да се грижите. Ќе ги заштитиме интересите на Србија по секоја цена. Нема да има никаков недостиг и нема да има никаква економска катастрофа. Ќе победиме и овој пат и Србија во 2025 ќе биде најбрзо растечката економија на Европа“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ