недела, 19 мај 2024

Вучиќ во Советот за безбедност на ОН: 11 години неисполнети ветувања и изговори на ЕУ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ во обраќањето во Советот за безбедност на ОН истакна дека на 19 април навршија 11 години од најважниот договор на Белград и Приштина за нормализација на односите, на кој потписник беше и Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Единаесет години подоцна, иако Србите ги исполнија сите услови, Заедницата на српски општини не е ни на хоризонтот, кажа Вучиќ и додаде: „Овие 11 години беа години на неисполнети ветувања, изговори и лаги, на случајна или намерна неспособност на ЕУ како гарант на договорот да ги мрдне нештата од мртва точка, што резултираше со правно насилство и физичко малтретирање на Србите“.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во редовниот извештај, кој се однесува на периодот од септември 2023 до март 2024 година, наведе дека, и покрај извесниот напредок во имплементацијата на договорите постигнати со посредство на ЕУ, тензиите меѓу Белград и Приштина се засилени, а дека безбедносната ситуација на северот на Косово останува кревка.

Тој истакна дека нема напредок кон формирање на Заедницата на српски општини и покрај дипломатскиот притисок и изрази загриженост поради укинувањето на српскиот динар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ