петок, 14 март 2025

Вучиќ во подкастот на Трамп Помладиот: Можете ли да замислите дека организаторите на протестите се платени однадвор

Доналд Трамп Помладиот, најстариот син на американскиот претседател, на платформата Рамбл го објави подкастот во кој му гостува Александар Вучиќ. Српскиот претседател зборуваше за протестите кои со месеци траат низ Србија. Истакна дека зад нив стојат невладини организации кои се финансирани од надвор.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Можете ли да замислите дека сите невладини организации кои учествувале во организирањето на овие настани во Србија биле платени однадвор, од Соединетите Американски Држави, од УСАИД, Националната фондација за демократија и некои други организации“, кажа тој.

„И не велам дека овие пари ги користеле само за тоа. Парите ги користеле за сè. Но и за тоа“, додаде Вучиќ. Тој предупреди дека САД стотици милиони долари трошеле на нешта кои немаат никаква корист за американските граѓани.

Трамп Помладиот кажа дека УСАУД потрошил 14 милиони долари на јавни набавки, а Вучиќ на тоа одговори дека агенцијата потрошила уште повеќе пари за финансирање невладини организации кои станале инструмент во секој вид политичка криза.

„И секогаш ја бирале страната која била анархо-либерална, која била таканаречена зелена, но само таканаречена и секогаш против лидери кои го чувале суверенитетот и независноста на земјата и нацијата“, оцени Вучиќ. На прашањето дали српската влада се обидела да открие каде одат тие пари, српскиот претседател кажа дека сакале тоа да го направат, но дека поради тоа се соочувале со „лавина критики, дури и од некои извори од американската длабока држава“.

„Можете да ги прашате сите, секого на светот освен невладините организации кои како да се благословени од некого и заштитени од либералниот свет, бидејќи ако ги чепнете, ако ги прашате „врне дожд или грее сонце“, сте ја направиле најстрашната грешка и ќе бидете распнати од нив. И тоа е нешто што сега ни се случува, но ние ќе ја завршиме нашата работа“, наведе тој. Му порача на Трамп Помладиот дека ќе бидат многу изненадени од истрагата.

„Ќе бидете многу, многу изненадени. И на претседателот Трамп многу ќе му помогне во следниот период да се покаже која била целта на тие пари. Тоа може да му се случи и неми и вам бидејќи против вас ќе ги користат истите извори“, напомена Вучиќ.

Доналд Трамп Јуниор истакна дека напаѓаат секого кој се придржува до суверенитетот, без оглед дали е тоа Вучиќ, или унгарскиот премиер Виктор Орбан или американскиот претседател Вучиќ одговори дека сите земји надвор од САД во кои функционира американската левица, односно УСАИД, некако се поврзуваат и го губат својот суверенитет.

„Вистинскиот проблем е што тие од време на време очекуваат од нас да бидеме 100 отсто послушни во сè. А моето прашање за нив од секогаш било: „Зошто тогаш ви треба нашата власт? Зошто ви е потребна каква било власт во регионот?“, истакна српскиот претседател.

Се пожали дека Србија ја критикуваат за тоа што не ѝ воведе санкции на Русија. „Од Европската Унија ни зборуваат дека не сме усогласени со нив, односно дека сме усогласени 52, 54, 56 отсто. Кажав во ред, да, тоа значи дека имаме своја влада која ја избра нашиот народ“, наведе тој.

„И потоа ми зборуваа, но треба да се биде усогласен 100 отсто, како сите останати. И моето прашање е зошто ние е потребна влада ако ги носите сите одлуки наместо нас. Не ни треба ниедно министерство во тој случај“, истакна тој.

Тврди дека европската страна нема одговор на тоа. „Тоа е истата игра против Виктор (Орбан), против мене, против Роберт (Фицо) во Словачка“, оцени Вучиќ. Тој истакна дека во Србија во последните четири месеци не е користена сила против демонстрантите, додека властите во некои други европски земји „ги тепаат луѓето кои протестираат против нив“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ