Вучиќ тоа им го кажа на новинарите во Давос, наведувајќи дека за таа тема на маргините на Светскиот економски форум разговарал со претставници на компанијата Арчер.
Тој додаде дека Арчер е една од најпознатите компании кои се бават со развој на летечки автомобили, беспилотни авиони и летечки возови.
„Почнавме преговори за купување најмалку три летала, а разговараме и со кинески партнери кои веќе направија значителен напредок и неколку градови имаат летечки автомобили. Планираме да го забрзаме процесот за до средината на 2026 да ги завршиме сите подготовки и регулаторни барања, за во 2027 да можеме да почнеме да ги користиме летечките автомобили“, кажа Вучиќ.
Тој истакна дека Србија на меѓународната специјализирана изложба Експо 2027, чиј домаќин е, сака да покаже дека е земјата која „најбрзо се модернизира и најбрзо расте во Европа“.
„Со компанијата Арчер веќе потпишавме меморандум за разбирање и договоривме соработка за Експо 2027. Прашав дали леталото може да биде загрозено ако наиде јато птици. Навистина не може и значително е побезбедно од хеликоптер“, додаде Вучиќ.