Вучиќ на Инстаграм наведе дека со Трамп имал „одличен разговор, срдечен и исполнет“.
Републиканецот Трамп на изборите на 5 ноември ја победи актуелната потпретседателка на САД Камала Харис, на Трамп ова ќе му биде втор мандат во Белата куќа.
Вучиќ, како што кажа, се надева дека Трамп ќе ја посети Србија, оценувајќи дека Србија е земјата каде поддршката за неговиот избор на местото претседател на САД била „најголема во Европа“.
„И претседателот Трамп се заблагодари на огромната поддршка која ја доби од граѓаните на Србија, од српскиот народ“, наведе Вучиќ.
Претседателот на Србија кажа дека верува дека со официјален Вашингтон во следниот период ќе може да разговара за унапредување на односите на сите полиња.
„Сигурен сум дека, со поддршка на нашите пријатели – а под пријатели го сметам целото опкружување на претседателот Трамп кои беа со него во текот на разговорот – дека тој ќе може да ја направи Америка голема, а дека ние ќе можеме да ја направиме Србија пристојна земја и земја која ќе може многу добро да соработува со САД“, додаде Вучиќ.
За разлика од 2020, кога власта во Белград отворено го поддржа Трамп, претседателот на Србија Вучиќ за време на оваа кампања во САД порачуваше дека „има преференции“, но дека за тоа нема јавно да зборува.
Провладините медиуми во Србија отворено беа на страна на Трамп.