„Не е прашање на мој избор, туку на нивни одлуки“, рече Вучиќ за време на престојот во Подриње, на делот од патот Бојиќ – Текериш, и додаде дека косовскиот премиер Аљбин Курти не сака мир.
Тој изјави дека е сосема сигурен дека српскиот народ на Косово ќе преживее, како и дека Приштина ќе се обиде да ги затвори сите српски институции таму, но дека нема да успее.
Тој додаде дека српското здравство и образование се уште функционираат, што, како што рече, е најважно за секоја земја.