сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Тешки денови се пред Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ порача синоќа дека пред Србија се тешки денови, пренесуваат српските медиуми. Вучиќ најави дека во следните неколку дена ќе ги запознае граѓаните со сите предизвици кои претстојат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тешки денови се пред Србија. Во овој момент не му е лесно да кажа какви вести добивме во последните 48 часа. Директно ни ги загрозуваат виталните национални интереси на Србија и Република Српска“, објави српскиот лидер на Инстаграм.

„Ќе биде тешко. Најтешко досега. ќе победи Србија“, порача тој.

Објавата на Вучиќ е мистериозна и не е познато дали е поврзано со тоа што високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит ги искористи своите овластувања за да наметне измени на изборниот закон на таа земја.

Политичарите од редовите на босанските Срби огорчено реагираа најавувајќи дека поради тоа Република Српска самостојно ќе ги организира идните избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ