сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Србија се вооружува за разни џуџиња да не ни одземаат територија како претходно

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија се вооружува за да се заштити, а не да се заканува некому во регионот. Тој рече дека коментарите дека вооружувањето на Србија е закана за мирот во регионот се „мантра на оние за кои ниту една Србија не е доволно мала или доволно понижена за да бидат задоволни со таква Србија“, пренесува Телеграф.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога Србија се вооружува, се вооружува пред сè од домашната индустрија. Се вооружува да си го заштити името, презимето, да си го заштити небото, земјата. За разни џуџиња да не помислат дека повторно можат да ѝ украдат територија, како што правеле многупати досега. А Србија никогаш, никако, никого не загрозила“, истакна Вучиќ.

Така реагираше Вучиќ на изјавата на воениот аналитичар од БиХ Неџад Ахатовиќ кој рече дека вооружувањето на Србија е закана за регионот и дека Србија глуми „мала Русија“ сакајќи да го обедини српскиот свет во регионот. Вучиќ одговори дека ваквите коментари се резултат на тоа што на некои луѓе им пречи фактот дека српската економија денес сочинува половина од вкупната економија на Западен Балкан.

„Кога зборувате за економијата на Западен Балкан, 50 проценти е Србија, 55 проценти извозот од Западен Балкан е Србија, 62 проценти е Србија таа која привлекува странски директни инвестиции. И тогаш за каков Западен Балкан зборувате, без да зборувате за Србија? Оттогаш Србија стана земја која во моментов има највисока просечна плата во регионот, а во исто време и многу ниска стапка на јавен долг и дека е членка на Евростат“, истакна Вучиќ.

Тој се пожали дека сакаат да ја уништат таквата Србија со најлоши лаги и дека во изминатите две години биле објавени повеќе од десет илјади текстови во различни западни и регионални медиуми за тоа дека Србија ќе нападне некого во регионот.

„Дека ние сме мали Руси кои, не знам што и да направиме, дека слушаме нечии наредби. Зошто го кажуваат тоа? Има две причини. Едната е да ѝ нанесат директна штета на Србија, а другата е дека тие тргнуваат од самите себе. Тие знаат какви послушници се, знаат какви политички џуџиња се“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ