недела, 5 јануари 2025

Вучиќ: Србија никогаш нема да ја победите. Јас не сум Асад, нема да бегам (ВИДЕО)

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е како сирискиот претседател Башар ал Асад и дека нема да бега.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Дури и да мислите дека сум Асад, и дека ќе избегам некаде – НЕ СУМ“, објави Вучиќ доцна синоќа на својот Инстаграм.

„Жив сум, цел живот живеам овде во Србија, благодарен сум на мојата Србија, ќе останам овде, тука ми е местото, каде и ќе завршам. Ќе се борам за Србија и ќе му служам само на мојот, на српскиот народ и на сите други граѓани на Србија, никогаш на странците, никогаш на оние кои сакаат да ја поразат, понижат и уништат Србија“, рече Вучиќ.

Вучиќ предупреди дека Србија е под притисок од различни страни и дека се обидуваат да ја срушат со сите можни хибридни средства.

„Само сакам да им порачам на оние кои мислат дека ќе ја срушат Србија дека секогаш кога ќе помислат дека можат да сокријат колку ја мразат оваа земја, ќе ви ги откриеме сите детали за тоа колку пари се исплатени, во деновите и неделите што следуваат. Детално, колку пари се платени во претходните четири години за уништување на Србија. Колку е платено Србија да не биде слободна и независна, да не донесува одлуки сама, да не ја избира сопствената иднина, туку да мора да слуша и да му служи на некој друг“, најави Вучиќ.

„Никому нема да му служиме“, порача Вучиќ.

„Се надевам дека добро ме разбравте. Толку сум одлучен и сигурен во ова што ви го кажувам што ви гарантирам дека никогаш нема да ја победите Србија! Да живее Србија“, нагласи Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ