четврток, 26 декември 2024

Вучиќ: Со Нови Сад нема да управуваат оние што ја мразат Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на поддржувачите на влезот на просториите на Српската напредна партија во Нови Сад и кажа дека државата презела сè за одговорните за насилството во Нови Сад да бидат казнети.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пренесе три пораки, од кои првата е дека сите одговорни за трагедијата во Нови Сад ќе одговараат и дека државата ќе им помогне на семејствата.

„Втората порака е до оние кои мислат дека со насилство можат да ги менуваат нештата. Прво дека со насилство ништо нема да постигнете во модерна и пристојна Србија, а второ во рамки на истото нешто е што ве молам никогаш да не им одговараме онака како што тие мислат дека можат да се однесуваат и дека никогаш нема пристојна Србија да ја победат“, кажа Вучиќ и додаде дека со Нови Сад никогаш повеќе нема да управуваат оние кои го мразат српскиот народ.

Најави дека од утре почнува најголемата акција против нарко-дилерите и дека Нови Сад ќе биде исчистен од оние кои помислиле дека можат да управуваат со државата.

Вучиќ кажа и дека вечерва запалил свеќи на автобуската станица за спомен на жртвите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ