понеделник, 24 март 2025

Вучиќ: Си-ен-ен води кампања против мене, исто како против Трамп

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека американската телевизија Си-ен-ен води кампања против него на ист начин како што, според него, правела против американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Драги мои пријатели од Соединетите Американски Држави, вие сè ќе разберете. Погледнете што зборува Си-ен-ен, вистината е на спротивната страна. Ќе видите дека прават и кажуваат сè против мене, исто како што зборуваа против американскиот претседател Трамп, а потоа сè ќе ви биде јасно“, рече Вучиќ во интервју за Вашингтон Егзаминер, одговарајќи на прашањето што би сакал американските гледачи да знаат за Србија додека ги следат вестите на социјалните мрежи.

На новинарско прашање што мисли дека демонстрантите сакаат во овој момент, Вучиќ одговори дека „уништиле 186 трактори“.

„Единствената голема борба ја имаа меѓу себе. Никој не им одговори, не сакавме никого да уапсиме. На крајот моравме да уапсиме 44 лица. 13 од нив беа задржани затоа што беа пијани или предизвикуваа насилство“, посочи српскиот претседател.

Новинарката од американскиот весник му кажа на Вучиќ дека ѝ се чини дека демонстрантите веруваат дека 15 март бил нивниот „ден Д“, на што Вучиќ одговори дека верува дека ќе следат уште неколку такви денови.

„Ќе има уште еден „ден Д“, потоа трет „ден Д“ и десетти „ден Д““, рече тој.

„Сакам да се фокусирам и себеси и целата оваа држава на економијата и нашата иднина, да ги решиме сите проблеми во Собранието на исклучително демократски начин бидејќи верувам дека покажавме колку сме воздржани од употреба на каква било сила“.

„Многу сум среќен бидејќи не гледате вакви слики во Европа кога други организираат немири“, заклучи Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ