„Ќе ги смениме луѓето што не го прават ова. Полицајците кои не сакаат да го заштитат поредокот и законот ќе бидат сменети, оние обвинители кои не сакаат да го заштитат поредокот и законот ќе бидат сменети“, им порача Вучиќ на граѓаните со кои разговараше во Народниот театар во Лесковац.
Тој уште еднаш повтори дека сè што се случува е резултат на обоена револуција.
Вучиќ, обраќајќи им се на насобраните граѓани во Народниот театар во Лесковац, рече дека е изненаден од „страшната вест дека главниот насилник од Ниш“, за кој вели дека го претепал градоначалникот на Ниш, е ослободен и дека обвинителот не побарал ниту притвор.
Демонстранти се собраа во близина на театарот, протестирајќи поради посетата на Вучиќ на Лесковац. Тие беа запрени од полициски кордон на пат кон театарот, а толпата извикуваше „оди си“ и „пумпа, пумпај“.