среда, 23 октомври 2024

Вучиќ: Русија ме извести дека во Србија се подготвува државен удар (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека Русија го предупредила раководството на земјата на претстојни масовни немири во државата, организирани од претставници на западните земји. Српскиот претседател тоа го кажа одговарајќи на новинарско прашање за подготовките на Западот за акции на територијата на Србија за извршување државен удар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес добивме официјална информација од Руската Федерација, пренесена и донесена по официјални канали. Ја добивме таа информација, се бавиме со тоа. надлежна е Безбедносно-информативната агенција, луѓето специјализирани за тоа во владата на Србија и на сите други места ја работат својата работа“, кажа Вучиќ.

„Тие кои мечтаат дека нешто ќе се случи на сила, нема да се случи. Србија несомнено оди напред, не можат да ја сопрат. И нема да ја сопрат. И никогаш повеќе никој нема да ја сопре. Тоа е мојата порака до сите. Луѓето не треба да се грижат, воопшто. Мирно, дома, да ги гледаат кошаркарите“, заклучи претседателот на Србија.

Како што пренесува руската новинска агенција ТАСС, официјалната портпаролка на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека анализата на ситуацијата во Србија укажува на повторни обиди на злонамерни сили да ја поткопаат ситуацијата во таа земја. „Одредени псевдодемократски кругови се обидуваат цинично, без оглед на последиците и ризиците, да ја трансформираат сосема природната загриженост на граѓаните за животната средина, особено нивниот однос кон рударските проекти“, кажа таа.

„Злоупотребите од овој вид, особено во сегашните турбулентни услови, претставуваат директна закана за Србија, ги доведуваат во прашање постојаните напори на претседателот и владата да обезбедат одржлив развој на земјата и доброто на нејзините граѓани и ја попречуваат желбата за независен и принципиелен курс и во внатрешните работи и на меѓународната сцена“, кажа Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ