среда, 19 март 2025

Вучиќ: Професорите на факултет кои не работат ништо нема да земаат плата

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во вторникот дека професорите на универзитетите „што не прават ништо“ нема да земаат плата и дека државата одлучила во иднина „да не ги наградува неработниците“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Професорите на факултетите кои не работат ништо, освен што учествуваат во блокади, ќе добијат компир. Утре мислам се плаќа овој дел за нив. Ќе добијат ништо“, изјави Вучиќ за телевизијата Пинк.

„Радоста сега пристигна во милиони домови во Србија. Луѓето не сакаат некој да ги ограбува“, рече Вучиќ.

Студентите веќе четири месеци ги блокираат универзитетите низ земјава, а нивното клучно барање е да се утврди одговорноста за уривањето на бетонската настрешница на реновираната Железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени.

Голем број професори ги поддржаа студентите и нивните барања.

Протестите во Србија траат повеќе од четири месеци, предводени од студенти во блокада. Додека власта тврди дека барањата се исполнети, академиците тоа го отфрлаат и продолжуваат со блокадите.

Во тек се повеќе постапки поради уривањето на настрешницата. На 30 декември, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинителен акт против 13 лица, поради сомнение за пропусти при реконструкцијата на настрешницата.

Меѓу обвинетите се поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димоски, како и поранешната директорка на јавното претпријатие „Инфраструктура жељезнице Србија“ Јелена Танасковиќ.

Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград поднесе обвинителен акт поради пропусти кои доведоа до уривање на настрешница во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Јавното обвинителство за организиран криминал во Белград води предистражна постапка во врска со финансирањето на проектот за реновирање на Железничката станица во Нови Сад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ