Седницата на владата ќе биде одржана во сабота во 10 часот.
Во масовното убиство на Цетиње на 1 јануари беа убиени 12, а тешко ранети четири лица. Масовниот убиец Ацо Мартиновиќ изврши самоубиство.
Студентите и граѓаните во Србија денес повторно им оддаваат почит на убиените во црногорската престолнина.
Тие со тишина во траење од 29 минути, за 29 жртви, им оддадоа почит на настраданите во уривањето на стреата на железничката станица во Нови Сад, како и на убиените во Ариље и Цетиње.
Акцијата е одржана во Белград, Нови Сад, Краљево, Ниш, Александровац и Зрењанин.