сабота, 27 јули 2024

Вучиќ пред Советот за безбедност на ОН: Создавањето неподносливи услови за живот на Србите е единствената цел на Приштина

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави синоќа пред Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк дека создавањето неподносливи услови за живот за Србите и нивно протерување од Косово е единствената цел на власта во Приштина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На вонредната седница на СБ ОН за ситуацијата на Косово, закажана по барање на Белград, Вучиќ истакна дека приштинските власти ги засилуваат „систематските напади“ на српското население.

„Таквите акции, со изостанок на соодветна реакција, можат да предизвикаат непоправлива штета за опстанокот на српскиот народ на Косово и Метохија“, кажа Вучиќ.

Тој кажа дека Белград барал седница на СБ ОН бидејќи активностите на Приштина „се од таква природа што можат да предизвикаат непоправлива штета“ во периодот до свикувањето на редовната седница на Советот за безбедност за Косово на крајот на април.

„Директниот повод за поднесувањето на барањето е одлуката на централната банка на Косово со која трансакциите во динари се забранети од 1 февруари. Таа мерка претставува напад на Србите бидејќи нивниот опстанок на Косово во голема мера зависи од динарските средства кои доаѓаат од буџетот на Србија“, истакна тој.

Додаде дека „огромен број луѓе“ на територијата на Косово и Метохија зависат од динарските приходи од буџетот на Србија и дека одлуката за еврото како единствено средство за плаќање на Косово „директно лишува голем број луѓе од средства за живот“.

„Еврото не е легална валута на Косово и Метохија, туку само така се третира, а укинувањето на динарот има за цел протерување на Србите“, истакна Вучиќ.

Додаде и дека Приштина „нема никакви аргументи“ кога тврди дека укинувањето на динарот е преземено за обезбедување на владеење на правото.

„Имајте на ум дека тие го користат терминот владеење на правото исклучиво за да им наштетат на Србите и Српската православна црква“, наведе Вучиќ.

Претседателот на Србија кажа дека вид на притисок претставува и континуираното обвинување на Србите повратници на Косово „за лажни воени злосторства“, додека на слобода се пуштаат „Албанци обвинети за јасни етнички мотивирани злочини против Србите и нивниот имот“.

Вучиќ кажа дека пред доаѓањето на Аљбин Курти на чело на косовската влада имало 669 етнички мотивирани напади на Косово, а дека тој број од тогаш е зголемен за 300 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ