четврток, 30 мај 2024

Вучиќ пред посетата на Си Џинпинг: Кина е најдобриот партнер на Србија во остварување на државните цели

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави пред посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Белград дека Кина е најдобриот партнер на Србија во остварувањето на државните цели.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кога управуваш со држава, мора да имаш амбициозни цели. Потребно е постојано да се поставуваат нови цели. При остварувањето на тие нови цели и задачи нашиот најдобар партнер секогаш била и ќе биде Народна Република Кина, и нејзиниот претседател Си Џинпинг затоа што тој секогаш ги исполнува своите ветувања“, искоментира Вучиќ.

Тој кажа дека има големи очекувања од посетата на Си, и покрај тешката ситуација во која Србија се наоѓа во моментов.

„Кина секогаш била на страната на меѓународното право и секогаш ја поддржувала Србија, како што ние сме ја поддржувале Кина“, истакна Вучиќ.

Оцени дека посетата на кинескиот лидер на Белград доаѓа во вистинско време, дека е многу среќен поради разговорите кои ќе ги има со кинескиот претседател и дека има многу теми за кои ќе разговараат.

Српскиот претседател кажа дека Си секогаш го исполнува тоа што го кажал, дека не ветува многу, но дека кога ќе вети, сè исполнува.

Според него, Белград и Пекинг можат да соработуваат во илјадници области – од железницата и индустријата до туризмот и културата.

„Постои едно важно нешто. Договорот за слободна трговија кој го потпишавме во Пекинг. Тоа е многу важен договор за нас. Поради тоа што сега достигнавме трговска размена од 6,1 милијарди долари меѓу нашите две земји. Верувам дека тоа ќе го зголемиме двојно или тројно во следните 10 години“, истакна Вучиќ.

Тој кажа и дека целиот свет му верува токму кинескиот лидер Си Џинпинг, бидејќи „тој е еден од ретките лидери во светот кои можат навистина да придонесат на тоа да се завршат некои војни и да се воспостави долготраен мир“.

„Искрено зборувајќи, сите во светот, без оглед што кажуваат јавно, сите имаат големи надежи во иницијативите на претседателот Си дека ќе донесе мир во денешниот свет. го знам тоа добро бидејќи комуницирам со сите“, порача српскиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ