сабота, 27 јули 2024

Вучиќ поради непознато летало над Србија подигна два борбени авиони

Министерството за одбрана на Србија соопшти дека утринава подигналo два борбени авиони поради непознато летало.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Непознатото летало било забележано над Ваљево, на надморска височина од 5.500 метри, пишува Нова.рс.

„По наредба на претседателот на Републиката и врховниот командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, подигнат е дежурен пар борбени авиони МиГ-29, а дежурните ракетни единици за ПВД (противвоздушни дејства) и радарските средства продолжија да го следат воздушниот простор“.

„За време на наведувањето на дежурниот пар авиони до зоната на пресретнување, целта се изгуби од радарот. Ловците го продолжија летот и ја пребаруваа зоната, според процедурата, со цел да ја потврдат состојбата. По пребарувањето на зоната, на дежурниот пар борбени авиони им беше наредено да се вратат на матичниот аеродром, додека другите сили продолжија со редовно следење и набљудување на воздушниот простор“, соопшти Министерството за одбрана на Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ