Вучиќ за телевизија Пинк кажа и дека нема да „изговара тешки зборови“, и дека чека да види што ќе направи обвинителството по тоа прашање и како ќе реагира.
„Бараме одговорност, кривично правна и чекам да видам што ќе направи обвинителството и како ќе реагира… Да беше обратно до сега сите (од власта) ќе беа обесени“, кажа тој.
Вучиќ кажа и дека нема да се смират „додека сите оние кои ова го направија не одговараат“.
Српскиот претседател кажа дека денес бил тежок ден за Србија, за „секој нормален граѓанин“ на државата, поради „силеџиското и хулиганско“ постапување и сцените кои, како што додаде, не се видени од воспоставувањето на плурализмот, пренесува РТС.
Според него, пратеничката Соња Илиќ, која е во осмиот месец на бременоста, е добро, како и нејзиното бебе, додека пратеничката Јасмина Обрадовиќ, која ја посети, е стабилно по мозочниот удар.
Пратеничката Јасмина Каранац пратеникот Милош Јовановиќ ја испрскал со бибер спреј, кажа Вучиќ и додаде дека разговарал со неа.