сабота, 27 јули 2024

Вучиќ организира сесрпски собир

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за РТС за сесрпскиот собир кој почнува за три дена. Кажа дека тоа ќе биде голема манифестација и забава за Белград и најави доаѓање на голем број луѓе.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека ќе дојдат околу 10 илјади од Република Српска. Но најмалку шест до седум илјади луѓе“, порача српскиот претседател. Потврди дека ќе се одржи заедничка седница на владите на Србија и Република Српска.

„Ќе бидат присутни и двајцата претседатели. Работиме на текстот на декларацијата. Ќе имаме многу важни и заеднички работи“, додаде Вучиќ. Истакна дека конечно ќе се договори сè околу изградбата на Музејот на жртвите на Јасеновац, пренесуваат српските медиуми.

Потврди дека ќе бидат поканети и претставници на Србите од Црна Гора. „Некои се срамат од својата матица, некои не. Тие што не се срамат од својата Србија се добредојдени. Оние кои се срамат од Србија лесно ќе најдат место за своето кукање и критика против Србија и во Загреб, и во Подгорица, и во Сараево и секаде. Така што за белграѓани тоа ќе биде една голема забава“, истакна Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ