недела, 26 јануари 2025

Вучиќ одржа контрамитинг во Јагодина: „Благодарам Србија“ (ВИДЕО)

Во Јагодина вечерва беше одржан собир по повод формирањето на Движењето за народот и државата, на кој претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека е трогнат од бројот на луѓето кои се собрале за да искажат желба за заштита и зачувување на Србија. Станува збор за собир на власта со кој се контрира на протестите и штрајкот кои ги организира опозицијата.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ им се заблагодари на сите кои пристигнале во Јагодина, истакнувајќи дека повеќе од 200 автобуси не ни влегле во градот.

„Речиси заплакав кога видов толкав број луѓе кои сакаат да ја бранат Србија. Нашиот народ знае, Србија знае дека денес е нападната и однадвор и одвнатре. Народот знае дека е време да ги поддржи оние кои се бореа за Србија. На Косово ни го притискаат народот, обидувајќи се да ги протераат Србите“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека, според него, оние кои ја ограбиле Србија сега сакаат да ги искористат децата за повторно да дојдат до власта.

„Прекрасно е да се биде претседател на Србија. Не постои ништо поубаво на светот“, кажа Вучиќ, истакнувајќи дека на основците и средношколците местото им е во училиште. Студентите ги повика на дијалог, барајќи јасно да кажат што не е исполнето за нивните барања да можат да бидат реализирани.

„Ве молам, дојдете и кажете ни кое од вашите барања не е исполнето од тие четири кои ги поставивте“, порача Вучиќ.

За време на своето обраќање Вучиќ истакна и дека, додека е претседател на Србија, нема да воведува санкции против Русија ниту на други пријателски држави. Притоа истакна дека го разбира незадоволството поради објективните проблеми, но вети своја поддршка во нивното решавање.

Вучиќ заклучи дека во Србија никој повеќе нема од улица да дојде на власт: „Народот сака напред, народот сака иднина“, порача српскиот претседател.

Во Белград денес беше одржан протестен собир наречен „Генерален штрајк“. Министерството за образование испратило допис до директорите на основните и средните училишта барајќи почитување на работните обврски и обезбедување услови за одвивање на штрајкот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ