сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Ништо не сум потпишал со Зеленски, горд сум на самостојната позиција на Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека никаков договор за муниција и оружје не потпишал со украинскиот претседател Володимир Зеленски со кого вчера се сретна во Тирана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ние го почитуваме територијалниот интегритет на Украина и тие го почитуваат територијалниот интегритет на Србија и ние сме им благодарни на тоа“, кажа Вучиќ во Тирана.

Кажа дека Србија не е во хибридна позиција со Русија, туку е во прашање многу јасна позиција на слободна земја, храбра позиција која не е лесна, уникатна е во цела Европа и Србија е горда на неа.

„Тоа е многу рационална и прагматична одлука на Србија, не знам дали ќе може да трае вечно, бидејќи не знаеме со колку притисок ќе се соочиме, но засега одолеваме на сите видови притисок и ги чуваме своите национални интереси“, кажа Вучиќ.

Додаде дека разговарал со Зеленски за ситуацијата на фронтот, и истакна дека тоа бил долг и коректен разговор.

„Мислам дека тие имаат многу фер однос кон Србија“, кажа Вучиќ.

„Досега не сме се усогласувале со Русија, би ме изненадило да биде поинаку. Иако мислите дека е тоа голема трагедија и причина да нè нападнете, јас тоа не го мислам. Мислам дека е многу важно Србија внимателно да ја пресметува и да води своја самостојна, независна политика и да ја проценува од ситуација до ситуација“, оцени Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ