недела, 22 септември 2024

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но нема да го преместиме гробот на Тито

Гробницата на Јосип Броз Тито нема да биде преместена од Куќата на цвеќето во Белград, бидејќи Тито е дел од југословенската и српската историја, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ реагирајќи на идејата на градоначалникот на Белград Александар Шапиќ, објави Политико.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Никогаш не сум бил љубител на комунистите и комунистичкиот режим, но Јосип Броз е дел од нашата историја. Живеел тука, погребен е тука и ќе остане дел од југословенската и српската историја“, кажа Вучиќ во интервју за Политико, отфрлајќи ја идејата на градоначалникот на Белград и партискиот колега од владејачката Српска напредна партија.

Првиот човек на Белград најави претходно неделава иницијатива за преместување на гробот на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито од Музејот на Југославија, и на четворица народни херои од Калемегдан, оценувајќи дека „еднаш засекогаш треба да се расчисти со комунизмот“.

Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на СФР Југославија, по смртта во 1980 е закопан во мавзолејот наречен Куќа на цвеќето, кој денес е дел од Музејот на Југославија, а на неговиот погреб присуствувале повеќе од 200 делегации од целиот свет, меѓу кои 33 претседатели, 21 премиер, четири крала, пет принца, и лидери на меѓународни организации.

Заедничката гробница на четворица народни херои – Иво Лола Рибар, Ѓуро Ѓаковиќ, Моша Пијаде и Иван Милутиновиќ, се наоѓа во рамки на историската тврдина и градскиот парк Калемегдан.

Шапиќ на новинарите им кажа дека преместувањето е „во надлежност на министерството за култура“ бидејќи Калемегдан е под заштита на Заводот за заштита на спомениците на културата, како и Музејот на Југославија, но дека „градските власти ќе направат сè за да дојде до преместување на гробниците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ