сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Никогаш не се случило во Генералното собрание на ОН гласање за прашање за геноцид да не биде едногласно изгласано

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека никогаш не се случило во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) гласањето за прашањето за геноцидот да не биде едногласно изгласано.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ова се случува за прв пат затоа што некои луѓе сакаа да ја искористат својата политичка моќ за да го политизираат ова прашање и тоа го направија“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека амандманите, за кои „некои велат дека се значаен придонес“, само ја зголемуваат конфузијата.

„Само сакаа да си го спасат образот со овие амандмани… Тврдат дека не се работи за една нација, еден народ… за тоа се работи“.

Како што додаде, кога е во прашање легитимноста, ова не успеа.

„Тие луѓе кои сакаа да го стигматизираат српскиот народ не успеаја и никогаш нема да успеат“, рече Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ