сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Неверојатна победа во Белград

Наместо 54 мандати колку што беа во декември, сега ќе имаме 62 или 62 мандати во Белград, а нашата листа доби 52 отсто од гласовите, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ на конференција за новинарите во штабот на Српската напредна партија и додаде дека постоеле „страшни притисоци“ поврзани со изборите на сите нивоа во Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Повеќе од една година траат страшните притисоци поврзани со парламентарните, покраинските и локалните избори. Мнозинство имавме и по 17 декември во Белград, 54 од 110, но сметавме дека со два дополнителни мандати, 56, дека тоа не е доволен легитимитет, бидејќи некои не сакаа да прават коалиција со нас. Значи наместо 54 мандати ќе имаме 62 или 63“, порача Вучиќ.

Повтори дека листата на СНС има 52 отсто од гласовите, што, како што истакна, е неверојатна победа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ