сабота, 19 октомври 2024

Вучиќ: Нема сомнеж дека позицијата на Србија во однос на Русија ќе биде уште потешка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека нема сомнеж оти позицијата на земјата во однос на Русија ќе биде уште потешка поради тоа што му се случи на Алексеј Навални.

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ за ТВ Прва изјави дека не е прашање некој да дојде и да каже – „ајде сега воведете санкции“, бидејќи знаат дека тоа не е можно, туку дека се работи за тоа што на Србија во перспектива ѝ се ставаат некои полоши работи.

„Дали во перспектива ви се ставаат некои полоши работи, дали во перспектива ви се ставаат некакви проблеми, некакви пристапи кон одредени фондови, можност да се влијае на напредокот на Србија? Да, се разбира, логично. И тоа допрва ќе го има. Ова со Навални е секако трагично кога толку млад човек ќе го загуби животот“, рече Вучиќ, одговарајќи на прашањето дали сега ќе се зголеми притисокот врз Србија да воведе санкции кон Русија.

Тој рече дека не сака да навлегува во тези што се случило со Навални бидејќи тој не е истражен орган.

„Не сум толку паметен како сите други во светот што знаат сè однапред. Сето тоа е за политичките аналитичари, а не за претседателот на една држава. Но дали нашата позиција ќе биде уште потешка, исто така не се сомневам“, потенцира Вучиќ.

Тој истакна дека во Минхен видел навивачки пристап кон ова прашање, што се случува и во Србија.

„Во Србија, кога гледаме натпревар Интер-Милан, се поделуваме, па навиваме едни за други, други за други, со малку помалку страст отколку кога играат Звезда и Партизан, но секогаш му пристапуваме на сличен начин. Така и ние на меѓународната сцена. Ние не сакаме да слушаме аргументација, не сакаме да имаме сериозен пристап. Сакаме да имаме навивачки став. И сѐ што ни се допаѓа, безрезервно го прифаќаме, а сѐ што не ни се допаѓа, колку и да е вистина, безрезервно го отфрламе. И во такви услови, во земја каде што нема голем простор или доволен простор за аргументирање, туку сѐ е засновано на емоции, било поради традиционалниот пристап, било поради тоа што е резултат на дејствувањето на одредени сили во минатото, или поради некои очекувања во иднината, тоа е многу тешко“, рече Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ