понеделник, 21 октомври 2024

Вучиќ: Нема да влеземе во ЕУ ниту оваа, ниту следната, ниту пак понаредната година, но тоа е наш стратешки пат

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека не очекува Србија да влезе во Европската унија во следните неколку години, но дека тоа е стратешки пат на државата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Дали утре ќе влеземе во ЕУ? Да ви кажам, јас не сум измамник и лажго да му кажам на нашиот народ, како другите. Кој и да дојде кај нас, тој им кажува дека задутре ќе станеме членка. Па, тоа се глупости. Секако дека нема задутре да станеме членка на ЕУ. Ниту оваа, ниту следната, ниту пак понаредната година нема да станеме членка на ЕУ“, рече Вучиќ пред новинарите во Белград, по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој додаде дека ЕУ не е „луда и воодушевена“ за Србија, ниту дека граѓаните на Србија „не скокаат до небо кога ќе слушнат ЕУ“ како порано, но дека без разлика на сè, тоа останува стратешки пат на Србија.

„Немаме каде да одиме и не одиме никаде на друго место. Затоа – прагматично, рационално, што можеме да направиме ние за нив, што можат да направат тие за нас, што е тоа што е добро за нашите граѓани. Му благодариме на претседателот Макрон што секогаш го разбираше тоа“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Франција на многу начини ја поддржува Србија и дека за тоа им е благодарен на Макрон и на француските дипломати.

„Франција во многу ситуации ја разбра позицијата на Србија, која не е лесна и не е едноставна и не е секогаш лесна и едноставна за разбирање, бидејќи е поинаква“, додаде претседателот на Србија.

Според него, Макрон поддржувал и бил еден од иницијаторите за на Србија да ѝ се отвори нов кластер во европските интеграции.

Вучиќ рече и дека не знае за кој кластер станува збор, за третиот или четвртиот, додавајќи дека „не го интересираат тие бирократски работи“, туку дека го интересираат прашањата за кои разговарал со Макрон, како прашањето на зелени коридори, единствен простор за плаќања, ПЕМ конвенција и решавање на проблеми кои „може да им донесат нешто на граѓаните на Србија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ