среда, 23 октомври 2024

Вучиќ: Нема да има уривање на улиците. Во Србија власта ќе се бира на избори

Претседателот на Србија Александар Вучиќ порача дека во Србија власта секогаш ќе се бира на избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мојата порака до сите кои се уплашени и загрижени, а кои ми испратија стотици и илјадници пораки по најавите дека ќе ме избркаат преку Дрина, дека ќе научам да пливам, да трчам и бегам. Мене Србија ми е сè. Живеам за Србија. Сите овие години живеев за решавање на секој проблем во Србија. Се борев за секоја победа во спортот, културата, пред сè економијата, но и политиката. На секое место, во секој момент. И никогаш тоа не ми беше тешко“, кажа Вучиќ.

„Нема да има уривање на улиците. Во Србија власта ќе се бира на изборите. Тоа што некои замислуваат дека со насилство ќе променат нешто, нема да променат ништо. А јас да бегам или да одам на друго место, не ми паѓа на памет. Србија е местото каде што се родив. Србија е местото за кое сè дадов, која мене сè ми даде. Србија е местото каде што ќе умрам. Никогаш нема да ја напуштам. Ќе се борам заедно со вас, до крајот, за напредна и модерна Србија. Нема предавање“, порача Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ