сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Не сум среќен поради реакцијата од Америка на составот на владата, но неа ја бира народот

Претседателот на Србија изјави дека за неговата држава не е убава вест тоа што Стејт департментот соопшти дека две лица – Александар Вулин и Ненад Поповиќ, под американски санкции – се предложени за министри во новата влада, и дека се надева дека Србија ќе има добри односи со нејзините американски партнери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не сум среќен поради нивната реакција но владата на Србија ја бираат граѓаните на Србија. Јас ја почитувам волјата на народот“, кажа Вучиќ.

„Слушнав јас и од другата страна забелешки, дека имаме многу такви кои се еврофанатици и кои се за Американците, но беа толку пристојни за тоа да не зборуваат јавно“, кажа Вучиќ.

Тој кажа и дека предлозите за новата влада се „компромис“ и дека во неа не се некои министри кои биле досега иако тоа го заслужуваат, па ќе работат некои други важни работи.

Тој наведе дека нема време да се бави со домашните политички прилики бидејќи е посветен на националните прашања и дека вчера Ана Брнабиќ и Синиша Мали му зборувале за партиските проблеми, но дека „не е доволно фокусиран на тоа па му влегло на едно уво а излегло на другото“.

По повод реакциите на неговото неодамнешно обраќање дека треба повеќе да се работи, тој кажа дека „ја сака работничката класа но не и неработничката“ и дека кукаат оние кои живеат десет пати подобро од работничката класа.

„Кај нас е популарно да се сака неработничката класа. Па годишно се патува 72 пати – Малдиви, Сејшели и други светски и европски престолнини“, кажа српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ