„Отпорот, бунтот и незадоволството на народот од теророт на кој беа изложени луѓето во последните четири месеци расте и наскоро ќе има повик до луѓето, до луѓето низ Србија, да се борат за својата земја, да се борат за својата Србија, со мирни, демократски средства, не со насилство, не како што тоа го направија некои други“, рече Вучиќ во видеото од општинскиот комитет на Партијата на Србија.
Тој додаде дека синоќа добиле информација дека ќе ги спречувале „мирно да протестираат против нивниот терор“.
„Народот на Србија веќе не се плаши од никого и ништо, ниту од блокатори, ниту од политички терористи, кои фрлаат солзавец во парламентот, ниту од кого било“, посочи тој.
Вучиќ додаде дека „Србија се крева“, нагласувајќи дека секој може да падне, но дека силата на Србија е во тоа што секогаш се исправа со неверојатна брзина, се исправа и се бори за својата иднина.
Во Србија се одржуваат протести од крајот на минатата година, иницирани од студенти и граѓани, откако 16 лица загинаа при уривање на настрешница на Главната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември.