Вучиќ покажа повеќе регистратори за документи за кои наведе дека станува збор за 195 документи, а за време на неговото обраќање повеќе стотици студенти кои ги блокираат факултетите и граѓани протестираа пред зградата на Претседателството на Србија.
Тој истакна дека ја замолил претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ да ја стави на дневен ред седницата за смена на владата во собранието.
Вучиќ кажа и дека на местото на несреќата на железничката станица во Нови Сад ќе се подигне споменик на жртвите.
Српскиот претседател за протестот кажа дека надвор се одржуваат „политички демонстрации“, како и тоа дека тие се одржуваат без оглед што тој соопштува „добри вести“.
Студентите кои ги блокираат четирите државни универзитети во Србија – во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац – бараат, меѓу другото, објавување на документацијата за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, каде во уривањето на натстрешницата на 1 ноември загинаа 15 лица, а две се тешко повредени.
Бараат и отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените студенти на протестите кои следеа по несреќата.
Несреќата со уривањето на бетонската натстрешница на влезот во железничката станица во Нови Сад се случи само неколку месеци по свеченото отворање на станицата по тригодишната реконструкција.
Претставници на власт ги осудуваат протестите и блокадите.