петок, 26 јули 2024

Вучиќ на седница на Советот за безбедност на ОН: Курти води кампања во Македонија

За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија. Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава, јавуваат српските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја. Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на неговиот државјанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.

„Замислете, најпопуларен политичар во Македонија не е Курти, туку претседателот на Србија, Вучиќ, кој нема никаква кампања во Македонија. Се извинувам како претседател на Србија што нашиот државјанин вака се однесува на меѓународната сцена“, рече Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ