„Потребна им е надмоќ во воздухот, во секоја војна. Тоа чини пари. Им треба пешадија. Таква е состојбата на тернот. Им треба артилерија, тенкови и се останато, вклучувајќи медиуми. Парите доаѓаат од три страни, една се големите сили, друга се регионалните земји кои имаат интерес да влијаат на слабеење на Србија и од ентитетот Косово, како што тие го викаат, и нормално од различни политички кругови и невладини организации. Потоа следи вооружување на Албанците и разоружување на Србите. Дејствување на политички партии како во централна Србија така и на Косово и Метохија. Тоа го делите на српски и албански, и доаѓате до медиумите. Тука имате светски, регионални, на Косово поделени на српски и албански и ја имате централна Србија“, кажа Вучиќ и додаде дека „големите сили имаат пари, а регионалните земји имаат интерес“.
„Вооружувањето на Албанците веќе се случува, тие најмногу ја користат Турција. Разоружувањето на Србите, криминализацијата. Мора да имате послушници кои ќе ја уриваат земјата одвнатре, да имате Албанци кои тоа ќе го прават, но мора да имате Срби кои ќе зборуваат сè најлошо. Светските медиуми со денови лажат за тоа дека ќе нападнеме некого, дека лажираме избори. Погледнете колку ни се поажурни гласачките списоци од некои земји. Има артилериски оган, удри по Вучиќ секој ден. А што мислите, зошто? Ме напаѓаат дека ја чувам и штитам Србија. Е потоа мора и во централна Србија да ги најдете овие медиуми кои ќе го прават истото“, истакна српскиот претседател.
„Вака се води хибридна војна против некоја земја. Колку и да ги фаќате дека лажат, тие ќе продолжат по свое, со само една цел – уривање на нашата земја и давање независност на таканаречено Косово“, кажа Вучиќ.
„И понатаму ја туркаме и чуваме земјата колку што е тоа можно. Јасно ни е дека (косовскиот премиер Аљбин) Курти оди отворено со етничко чистење. Јас не верувам дека ќе ни одобрат седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, чекаме одговор“, кажа тој.
Вучиќ истакна дека е точно дека некој темелно работи на тоа секој ден да се врши притисок врз српскиот народ.
„Клучното прашање е што ние можеме да направиме во вакви околности. Она што луѓето го забележуваат е дека не се правам наивен дека не го знам тоа. Велат дека Србија е проблемот, бидејќи не го признава Косово. Сè е насочено кон уривање на позицијата на Србија на Косово и Метохија. На Курти му се брза од многу причини“, кажа српскиот претседател и додаде:
„Динарот е единствената легална валута на Косово и Метохија. Ним не им е грижа за тоа“.
„Странците сметаат дека Косово е независна држава и дека можат да прават што сакат, а ако е така зошто воопшто постои дијалогот, зошто разговараме? Србија ја уриваат оние на кои не им одговара да биде независна и стабилна“, заклучи Вучиќ.