среда, 23 октомври 2024

Вучиќ: Курти сака да предизвика конфликт пред изборите во САД

„(Косовскиот премиер Аљбин) Курти провоцира бидејќи му истекува времето и сака пред американските избори да предизвика конфликт. Тој не сака да се дочека некаква посериозна промена во Белата куќа, а пред тоа сака да нè сврти против НАТО и обратно“, кажа претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод најавата на Приштина да се отвори мостот на Ибар меѓу северна и јужна Косовска Митровица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оцени дека Курти е многу нервозен и дека неговата политичка позиција не е толку едноставна колку што била пред година, две.

„Мораме да бидеме рационални, сериозни, цврсти во својата определба да го зачуваме Косово и Метохија во рамките на нашите граници. Знам дека на народот му е тешко, но упадот на косовската полиција во објектите на Пошта на Србија на северот на КиМ не е резултат на политика туку на насилство“, кажа тој и истакна дека Приштина ги крши договорите.

Кажа дека се надева дека Кфор ќе реагира како што треба и дека ќе го затвори мостот на Ибар „и ќе спречи наезда на Албанците“.

„Ние имаме потпишани договори околу поштата и телекомуникациите, кои како што гледате и според Западот, се брутално прекршени и урнати. Е сега, зошто тие не реагираат поостро? Јасно ви е зошто, затоа што го чуваат своето чедо. Но јас се надевам дека Кфор ќе реагира како што треба, дека во согласност со она што го зборуваа во последните денови ќе го затворат мостот и ќе спречат наезда на Албанците“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ