„Тој сака да владее и со Северна Македонија. Да сериозно, сака да го победи Али Ахмети и ДУИ за да владее во Македонија после мајските избори“, рече Вучиќ.
Лани во декември трите опозициски партии на Албанците во Македонија најавија дека нивен четврти партнер ќе биде партијата Самоопределување на Албин Курти. Вчера за време на престојот на косовскиот премиер во Скопје, косовските медиуми информираа дека Курти добил многу закани од „поединци и структури кои имаат корени во официјален Белград“ и дека врз него се подготвувал атентат од „српско-македонски екстремисти блиски до Руската Федерација, но под контрола на српските институции“.