„Резолуцијата е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Северна Македонија, така што таму нема голема филозофија. Потполно е сеедно на чие раководство е таа одлука, станува збор за Северна Македонија, им благодарам за тоа, веројатно сме заслужиле со сето она што го направивме за пријателство со Северна Македонија. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја“, изјави Вучиќ во гостувањето во Дневникот на ТВ Пинк.
Тој додаде дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во Генералното собрание на ОН.
„Знаеја дека Русите и Кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на Генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија“, рече Вучиќ.